Линкови за пристапност

Како избира Америка- стратешка употреба на кибернетскиот простор


Ако се натпреварувате за Белата Куќа во 2008, местото каде треба да бидете виден и да убедите голем процент од гласачите, е интернет.

Телевизијата ја промени американската политичка сцена во 1950тите и 60тите. Педесет години подоцна, интернетот во голема мерка го прошири начинот на кој кандидатите комуницираат со гласачите. И обратно.

И во претседателската трка за 2008, кандидатите се појавуваат и ги изнесуваат нивните ставови - на видео снимки ставени на нивните кампањски веб страници.

За разлика од телевизијата, тоа видео може да биде видено неброено пати без да биде дополнителен трошок за кандидатот.


Кампањите го прифаќаат интернетот и од причина што пораките на него одат без коментатори и други кои директно го предизвикуваат она што кандидатите сакаат гласачите да слушнат.

Улогата на интернет во собирањето средства исто така е огромна. Всушност, најголем дел од кампањските веб страници имаат апел за пари на првата странца што се отвара за корисниците на интернетот.


И не се работи само за претседателските кандидати кои одат на интернет. Кандидатите за државни политички функции, како оние за американскиот сенат, исто така се свртеа кон интернетот за комуникација и собирање пари.

Една од големите разлики меѓу телевизијата и интернетот е што второто дозволува двострана комуникација меѓу кандидатите и потенцијалните поддржувачи.



Додека интернетот се придружува на телевизијата како моќно кампањско орудие, тој исто така може да биде контрасила, вели Бенџамин Гинсберг од Џонс Хопкинс универзитетот, во Вашингтон.

-Телевизијата на некој начин го промени тежиштето во корист на политичарите. Тие може да го структуираат тоа што сте го виделе. Од друга страна, интернетот до некаде ја враќа рамнотежата на моќ назад кон поединците зашто тие можат да филмуваат или фотографираат работи што политичарите не сакале тие да видат, и истото да го покажат на Ју Тјуб.

Професорот Гинсберг и други набљудувачи велат дека моќта на интернетот како политичко комуникациско средство ќе продолжи да расте, можеби до точка кога еден ден, самите избори ќе бидат изведувани преку интернет.

XS
SM
MD
LG