Линкови за пристапност

Хилари Клинтон повторно мета на  напади од нејзините ривали


Седуммина демократски претседателски кандидати ги спротивставија гледиштата по голем број прашања. Клинтон, што засега е прва во трката, беше цел на напад од сенаторот Барак Обама и поранешниот сенатор Џон Едвардс. Двајцата се обидоа да капитализираат на неуспехот на поранешната прва дама да заземе јасен став за илегалната имиграција и други теми во претходната дебата.

Обама кажа дека Клинтон не давала директни одговори на тешки прашања, додека Едвардс рече дека таа нема да го промени политичкиот систем што е скршен и корумпиран.


Но Клинтон ги обвини двајцата дека ја напаѓаат затоа што води во трката.


Во меѓувреме, сенаторите Кристофер Дод и Џозеф Бајден, гувернерот од Ново Мексико Бил Ричардсон и претставникот на Охајо Денис Кусинич ги критикуваа другите тројца кандидати, велејќи дека ги одвлекуваат Американците од вистинските теми и ризикуваат отуѓување на гласачите.

Седумтемина кандидати дебатираа и за човековите права, судиите на Врховниот суд, здравствената заштита и надворешната политика.

Анкетите покажуваат дека Клинтон е во убедливо водство во целата земја, но дека и претстои тешка борба во првата и клучна, централна држава Ајова каде прелиминарните избори ќе се одржат на 3 јануари.

XS
SM
MD
LG