Линкови за пристапност

Откриени пропусти во аеродромското обезбедување


Американската влада соопшти дека тајни агенти успеале да пренесат експлозивен материјал преку контролата на 19 аеродроми годинава, откривајќи потенцијално опасен безбедносен вакум во новите мерки за проверка на багажот.

Канцеларијата за владина одговорност, истражувачка гранка на американскиот Конгрес, вели дека материјалите ги минале прегледите, и покрај тоа што изгледало дека службениците ги почитувале воспоставените процедури.

Истрагата била изведена со цел да се испитаат можни пропусти во безбедносните мерки откако беше осуетен заговорот за уништување на патнички авиони упатени за САД од страна на британските власти во 2006-та.

Во меѓувреме, конгресменот Хенри Ваксман, кој преседава со Комисијата за мониторинг и владини реформи, резултатите од тестот ги нарече неприфатливи, а неговиот панел треба да одржи распит по случајот.

Засега не се обелоденети аеродромите каде се направени пропустите, а според извештајот на Канцеларијата за владина одговорност, опасните материјали, вклучувајќи детонатор и течни експлозиви, агентите ги купиле преку интернет и во локални продавници за помалку од 150 долари.

XS
SM
MD
LG