Владата ќе го санира она што остана по Планинската бура во Бродец.
Владиниот портпарол ветон Ибраими вчера соопшти дека главна цел ќе бидат селската џамија и неколкуте куќи кои претрпеле оштетувања во полициската акција овој месец:
- Владата го задолжи Министерството за култура во соработка со Исламската верска заедница да направи проценка на оштетувањата на џамијата во Бродец и до Владат да достави предлог одлука за нејзина реконструкција. Владата смета дека потребно да се зврши санација и на други објекти кои евентуално претрпеле штета.
Ибраими соопшти и дека ќе биде наоправена процека на селското училиште и доколку е потребни и тоа ќе биде санирано.
- Воедно Владата во иднина ќе се заложи за подобрување на инфраструктурата во селото бродец и во другите шарпланински села за подобрување на секојдненовот функционирање во овие села и подбрување на нивниот животен стандард- рече владиниот портпарол.
Во меѓувреме група селани на Бродец нарекувајќи се Кризен штаб ја обвинија полицијата за брутаност врз цивилното население. Тие покажаа фотографии на кои се претставени лица со видливи повреди. Тие според кризниот штаб се наоѓаат во Шутка, но на нивните роднини, како што велат, цела недела не им е дозволено да ги посетат. Најавуваат судски прцеси, бидејќи како што велат тие ниту учествувале во терористички активности ниту поседувале оружје. Од МВР го тврдат спротивното. Не негираат дека во акцијата имало повредени, но како што велат сите приведени давале отпор со оружје.