Линкови за пристапност

Мјукејси даде заклетва на функцијата главен обвинител


Главниот судија на Врховниот суд Џон Робертс ја водеше церемонијата на заклетва во Големата сала на Одделот за правда. Мјукејси ја извршува новата работа уште од петокот, но ова беше прва шанса јавно да се обрати на вработените:

-Ние го следиме законот, но резултатот е правда. А тоа е така зошто нашиот краен клиент – граѓаните на оваа земја, може да се чувствуваат побезбедни кога знаат дека сме непоколебливо определени за почитување на законот и уставот и дека и служиме на правдата.

Мјукејси се заложи дека ќе помогне Одделот за правда да продолжи да ја штити слободата и безбедноста на Американците со гарантирање на граѓанските права и слободи преку, како што вели, неутрално и еднакво кон сите применување на Уставот.

Мјукејси дојде на местото на Алберто Гонзалес кој поднесе оставка за време на конгресната истрага на програмата за надгледување без претходна дозвола од страна на администрацијата на претседателот Буш, како и за неговата ролја во отпуштање на федерални обвинители, кои тврдеа дека се сменети од политички причини.

Сенатската потврда на Мјукејси беше забавена поради неговото одбивање на одговори на прашања за техниките за испитување наречени симулирање давање, кои многумина ги сметаат за тортура.

Мјукејси на законодавците им рече дека лично смета оти тие се непријатен метод, но дека не може да каже дали влегува во рамки на тортурата затоа што не е брифиран за класифицирани информации поради тоа што се уште е обичен граѓанин.

Сега тој е главен обвинител, вели портпаролот на Белата куќа Дана Перино и додава дека не знае дали Мјукејси бил брифиран за техниките за испрашување. Таа рече дека претседателот ќе му остави на Мјукејси да одлучи дали ќе се изјасни за техниката за испрашување која симулира давање, како што бараат некои од Конгресот.

На церемонијата на положување заклетва, претседателот Буш рече дека јавниот обвинител е витален во откривање, спречување и прекинување терористчки напади и дека мора да обезбеди американското разузнавање и почитувањето на законот да одат рака под рака:

-Тој мора да обезбеди да правиме се што е во наша моќ во рамки на законот да ја штитиме безбедноста на сите Американци, истовремено заштитувајќи ја слободата на сите Американци. Судијата Мајкл Мјукејси е вистински човек за овие витални предизвици.

Откако Мјукејси ја презема функцијата, Одделот за правда повторно отвори внатрешна истрага за учеството на правниците во прислушувањето без налог.

Истрагата беше стопирана минатиот јули, кога беше одбиена безбедносно одобрување.

XS
SM
MD
LG