Линкови за пристапност

Прекината седницата за интерпелацијата за Елмази


Прекината расправата за интерпелацијата за заменик министерот за внатрешни работи Рефет Елмази. Демократската партија на Албанците чиј член е Елмази побара одложување за дополнителни консултации, но и заради одржување на итна седница посветена на полициската акција Планинска бура.

Предлагачот на интерпелацијата ЛДП во знак на протест не присуствува на итната седница посветена на Бродец. Преседан спротивен на принципите на демократијата и на Деловникот, рече Андреј Жерновски, кој вели дека одложување на седницата може да побара само предлагачот.

-Ние нема да се вратиме како ЛДП се додека оваа точка не биде вратена на дневен ред. Она што е жалосни и што може да се констатира е дека премиер на РМ не е Никола Груевски, туку Мендух Тачи.

Ова е уште еден доказ за нискиот рејтинг на Парламентот, коментираа и во СДСМ:

- Заканата што вчера ја упати Ружди Матоши за владината коалиција очигледно пофункционира и ВМРО - ДПМНЕ се уплаши.

Координаторот на владејачката ВМРО - ДПМНЕ Силвана Бонева негира дека вчерашната ијава на Матоши за можен пад на Владата доколку падне и Елмази ја зметаат за закана.

- Секој член на коалицијата има право да се изјасни онака како што смета дека треба да се изјасни. Ние како пратеничка група гласавме за прекинување на сендицата затоа што координаторот на пратеничката група на ДПА бараше од нас време за нивни сополнителни консултации.

ДУИ кои од вчера се вратија во Парламентот сметаат дека ова е смислено сценарио:

- Ова веќе е дефинитвно е срозување на авторитетот на Собранието. Или пак некому му пречи што ДУИ се врати во Парламентот, вели Џевад Адеми. Тој најави дека сега ДУИ ќе ги бојкотира координативните состаноци.

Во тек е итната седница на која се расправа за акцијата во Бродец, и тоа по барање на ДПА кои тврдат дека располагаат со нови информации. Вчера ваква седница побара и ДУИ но пратениците го одбија предлогот. Ставовите на МВР денеска ќе ги брани заменик – министерот Рефет Елмази.

XS
SM
MD
LG