Линкови за пристапност

Мисија на Негропонте во Пакистан


Американските претставници ја поздравија определбата на пакистанскиот лидер да дозволи одржување на парламентарните избори во јануари, но тие се сомневаат во кредибилноста на процесот без претходно укинување на вонредната состојба.

Заменик-портпаролот во Стејт департментот, Том Кејси, ја образложи целта на мисијата на Негропонте во Пакистан.


-Сакаме да видиме соработка помеѓу сите умерени политички сили во земјата. И натаму се залагаме за одржување на претстојните парламентарни избори и тоа на слободен, чесен и транспарентен начин. Би сакале вонредната ситуација да биде укината за да може да се креира потребната политичка клима за организирање на кампањите, за да може луѓето да ги изразуваат своите ставови, а медиумите да функционираат.



Негропонте за време на посетата се очекува да се сретне со генералот Мушараф и другите владини претставници, како и политичари надвор од пакистанската администрација.

Овде се мисли на евентуална средба со опозициониот лидет Беназир Буто, која во моментов се наоѓа во домашен притвор во Лахоре, а американски дипломати се во постојан контакт со неа. Запрашан за оваа ситуација, портпаролот на Стејт департментот истакна дека на Буто, како и на другите пакистански политички фигури, треба да им се дозволи да функционираат без никакви ограничувања.

Кејси додаде дека во меѓувреме продолжува разгледувањето на американските хуманитарни програми наменети за Пакистан. Евалуацијата е резултат на воведувањето на вонредната состојба во земјата на 4-ти овој месец.

Групите за човекови права бараат прекин на сите освен американските програми за хуманитарна помош за Пакистан, чија висина од 2001 наваму во просек изнесува преку една милијарди долари.

Дел од таа помош е во областа на безбедноста поврзана со борбата против тероризмот, така што претставници во Стејт департменот предупредуваат дека нејзино комплетно укинување би било контрапродуктивно на американските интереси.

XS
SM
MD
LG