Линкови за пристапност

Петковски за разговорите со амбасадорката Нуланд


Нема недоразбирања - вака лидерот на НСДП и претседател на Собраниската комисија за европски прашања Тито Петковски ја коментираше ситуацијата што настана во врска со разговорите на американската амбасадорка во НАТО Викторија Нуланд со македонскиот државен врв. Тој одбива да ја коментира средбата со претседателот Бранко Црвенковски, која предизвика реакции кај извршната власт:

- Она што беше речено при презентацијата на извештајот на ЕУ во врска со прогресот на Македонија оваа година, беше повторено од г-ѓа Нуланд. Имаше покритички забелешки по однос на комуникацијата меѓу политичките партии, но за мене најсилен впечаток остави категоричниот став околу потребата за компромис со Грција околу уставното име на РМ.

Тоа, според Петковски, била и најзагрижувачката порака од амбасадорката Нуланд при неодамнешната посета на на Скопје. Петковски откри нови детали од средбата - американскиот дипломат побарал пратениците да ја подготвуваат јавноста на компромис:

- Пратениците треба да ги подготвуваат граѓаните околу изнаоѓањето компромис за името на Република Македонија со Грција. Подвлече дека тоа не значи инсистирање на промена на името, но ако некој ви каже да ги подготвувате граѓаните, вие сами треба да размислувате во која насока треба да се бара тој компромис.

Исто така, според Петковски, амбасадорката Нуланд јасно им сатвила до знаење на пратениците дека договорот Груевски-Ахмети од мај годинава мора да се почитува.

XS
SM
MD
LG