Линкови за пристапност

Ден на ветераните во САД:  четврт век од подигањето на Споменикот на Виетнамските ветерани


Во неделата во САД беше празник, Денот на воените ветерани. Истовремено, се навршија 15 години од откривањето на Споменикот на виетнамските ветерани. За четврти пат од неговото постоење, јавно беа прочитани имињата на преку 58 илјади Американци кои загинаа во Виетнамската војна. На црниот рефлексивен ѕид нема друг текст освен нивните имиња и годините на траење на војната - 1959-1978.

Јан Скрагс, кој бил во војната, е основач и претседател на Фондот за споменикот на виетнамските ветерани:

- Виетнамската војна не беше популарна во САД. Тоа беше време на големи поделби во американската историја. Масовни протести во Вашингтон и другите градови. Чувствував дека има потреба од нешто што ќе ги уважи виетнамските ветерани. Споменикот беше мојата идеја како да се стори тоа.

Мајк Берновски, кој е еден од преживеаните, вели:

- Имам многу пријатели кои велат дека споменикот им дал некакво помирување и завршеток. Чинам дека и јас го барам тоа.

Споменикот годишно го посетуваат преку четири милиони лица. Ветеранот Јан Скрагс верува дека тоа ќе продолжи и во иднина, дури и кога ниту еден од ветераните нема да биде меѓу живите.

XS
SM
MD
LG