Линкови за пристапност

САД  ја поздравија одлуката за избори во Пакистан, бараат дополнителни чекори кон демократија


САД ја поздравија најавата на пакистанскиот претседател Первез Мушараф за одржување на општи избори пред средината на февруари наредната година, но повикаа да преземе дополнителни чекори кон демократија во земјата.

И Белата куќа, и Стејт департментот го пофалија Мушараф што го изложил и разјаснил временскиот распоред за одржување на избори. Неколку часа пред Мушараф да ја даде најавата, претседателот Џорџ Буш во телефонски разговот со него го повикал да закаже датум за избори и да се откаже од функцијата армиски шеф.

Портпаролот на Стејт департментот Шон Мекормак побара од пакистанскиот претседател да преземе дополнителни мерки за враќање на земјата кон демократија и уставно владеење.

САД го сметаат Пакистан за клучен сојузник во војната против тероризмот. Од 2001-ва година Вашингтон и` додели на владата на Мушараф преку 10 милијарди. Откако Мушараф во саботата воведе вонредна состојба, американската влада предупреди дека ќе ја стави на разгледување финансиската помош за Пакистан. Па сепак, заменик-државниот секретар Џон Негропонте на распит во Конгресот во средата предупреди дека скратувањето на помошта ќе биде спротивно на интересите на обете земји.

XS
SM
MD
LG