Линкови за пристапност

Македонија со спринт да го заврши маратонот за НАТО


- Нашата порака е кога трчате маратон да не се релаксирате во последните две милји, туку да спринтирате до финишот. Тоа значи да се забрза имплемантацијата на договорт од 29-ти мај како и ветувањата од Охрид. Исто така, треба да се зајакне владеењето на правото, судските реформи и мултиетничките полициски структури, изјави амбасдадорката на САД во НАТО по средбата со премиерот Никола Груевски.

На оваа тема амбасадорката разговарала и со претседателот Бранко Црвековски. Неговиот кабинет соопшти дека Нулан изразила загриженост дека Македонија заостанува на патот кон НАТО во однос на другите земји-кандидати за членство.

Една од темите на вчерашните разговори со државниот врв на амбасадорката Нулан бил и грчко-македонскиот спор околу името и можноста Грција да го блокира интегрирањето на Македонија во НАТО:

- Сметаме дека е време Скопје и Атина да се вратат на масата и да зборуваат за проблемот што ги раздвојува. Во тој дух го поддржуваме забрзувањето на процесот на Метју Нимиц под закрила на ОН и денеска говоревме за потребата обете страни да се ангажираат во процесот.

За реформските процеси неопходни за членство во НАТО и потребата да се изнајде компромис со Грција за проблемот со името, амбасадорката разговарала и со претставниците на парламентарните партии.

XS
SM
MD
LG