Линкови за пристапност

Пакистан:  Буто најави масовни протести против вонредната состојба


Поранешниот пакистански премиер Беназир Буто најави масовни протести против вонредната состојба во земјата што ја воведе претседателот Первез Мушараф.

Буто кажа дека вонредната состојба ја ставила земјата во опасност:

- Опасност од екстремизам што се рашири под диктатортството. Веруваме дека можеме да ја спасиме нашата земја со тоа што ќе ја спасиме демократијата.

Буто го повика Мушараф да го почитува Уставот, да закаже датум за одржување на избори и да се откаже од армиската позиција до 15-ти ноември. Лидерот на Пакистанската народна партија ги повика и своите поддржувачи да ја игнорираат забраната за јавно собирање што ја издаде генералот Мушараф и да присуствуваат на собирот во градот Равалпинди.

Буто исто така најави тристакилометарски марш од Лахоре до Исламабад на 13-ти ноември, ако Мушараф не ја повлече одлуката за вонредна состојба.

XS
SM
MD
LG