Линкови за пристапност

САД ја поддржуваат Турција во борбата против ПКК


Претседателот Буш на новинарите по средбата им кажа дека двајцата се обединети во напорите против ПКК. Господинот Буш кажа дека САД, Ирак и Турција планираат подобрување на споделувањето на информациите против курдските бунтовници:

-ПKK е терористичка организација. Тие се непријател на Турција, непријател на Ирак и непријател на САД.

Со стационирање на турски трупи на границата со Ирак, господинот Ердоган вели дека неговата влада веќе дала одобрение за напад на ПКК преку границата. Тој се соочува со се поголем јавен притисок да го преземе нападот по курдските напади во кои само минатиот месец се убиени најмалку 40 лица во Турција. Господинот Ердоган тврди дека ПКК мора да биде елиминирана за да се заштити целиот регион:

-Моја желба е оваа заедничка работа да резултати, за што е можно покусо време. Бидејќи е важно и за стабилноста на самиот Ирак, на северен Ирак и за нашата стабилност.

Администрацијата на Буш поттикна на воздржување, стравувајќи дека тоа би го дестабилизирала северен Ирак. Од 1984, ПКК води насилничка кампања за курдска држава што остави повеќе од 30 илјади мртви.

XS
SM
MD
LG