Линкови за пристапност

Ирак: преку два милиони раселени лица


Ирачкиот Црвен крст вели дека речиси 2,3 милиони Ирачани, повеќето жени и деца ги напуштиле своите домови и се раселени ширум земјата.

Во денеска објавениот извештај, Црвениот крст вели дека мнозинството раселени страдаат од болести, сиромаштија и манипулација и дека поголемиот дел од нив се од Багдад.

Во документот се наведува и дека децата не одат на училиште, засолнети се во шатори, џамии, цркви, напуштени владини згради, без вода за пиење и електрична енергија и без никој од нивните најблиски.

Во меѓувреме, насилството во Ирак продолжува. Од денешната експлозија на патна бомба во источен Багдад, загинало едно лице, а најмалку тројца други се повредени. Во одвоен настан американската армија соопшти дека коалиционите сили усмртиле петмина терористи, а приведени се 30 други за време на операциите чија цел е Ал Каида во централен и северен Ирак.

XS
SM
MD
LG