Линкови за пристапност

Пакистан: уапсени стотици демонстранти


Пакистанските безбедносни сили употребија солзавец и пендреци за да ги растераат правници кои протестираат против одлуката на претседателот Первез Мушараф за воведување на вонредна ситуација.

Најголемиот судир се случи денеска во источниот град Лахоре, каде преку 1.000 адвокати демонстрираа пред судот. Полицијата се обидуваше да ги растера насобраните, тепајќи и апсејќи стотици лица.

Врз демонстрантите во Карачи, Равалпинди и Исламабад исто така беше употребена сила.

Откако претседателот Мушараф воведе вонредна состојба во земјата во саботата, уапсени се преку 1.500 лица.

Во меѓувреме, државните медиуми го цитираат премиерот Шукат Азиз кој вели дека изборите закажани за средината на јануари ќе се одржат навреме и покрај одлуката на Мушараф за вонредна состојба.

XS
SM
MD
LG