Линкови за пристапност

Холивудските филмски и телевизиски писатели  штрајкуваат


Асоцијацијата на писателите на Америка вели дека членовите на синдикатот денес ќе протестираат против телевизиските мрежи и поголемите филмски студија во Њујорк и Лос Анѓелес.


Двете страни се сретнаа доцна синоќа во Лос Анѓелес со федерален посредник во уште еден последен обид да се реши проблемот.


Продуцентите велат дека синдикатот на писателите започна штрајк откако го одби барањето за одложување на секаква акција додека траат разговорите.

Двете страни велат дека голема точка на несогласување е барањето на писателите да добијат поголем дел од профитот од продажба на ди-ви-ди и програми кои се прикажуваат на Интернет.


Асоцијацијата последен пат штрајкуваше пред речиси 20 години.


Студијата нарачаа резервни сценарија за телевизиските серии и филмови во очекување на штрајкот. Но дневните емисии на телевизијата вклучително и кабловската, во САД, веднаш ќе го почувствуваат ефектот, меѓу кои и оние чии водители се Дејвид Летерман и Џеј Лено, двете најпопуларни личности од вечерната телевизиска програма.


Прекинот на работа ќе се одрази и на економијата на областа на Лос Анѓелес. Телевизиската и филмската продукција генерира околу 30 милијарди долари годишно за регионот. Претходниот договор на писателите истече минатата недела.

XS
SM
MD
LG