Линкови за пристапност

Ставревски: моето назначување за претседавач со Генералното собрание на Светска банка и ММФ е признание за Македонија


Историски гледано, живееме во најубавиот период што го имала Македонија и затоа треба да ги искористиме шансите што ни се даваат. Вака вицепремиерот Зоран Ставревски го објаснува значењето на неговото назначување за претседавач со Генералното собрание на двете најмоќни финансиски институции во светот- ММФ и Светската банка. Назначувањето, според него, е големо признание за Македонија, бидејќи покажува дека колку таа е ценета во светот:

- Тоа ќе се случува во 2008 година, годината која е најзначајна за РМ во нејзината историја. Зашто, да не заборавиме, колку и да се големи предизвиците пред нас, колку и да е голема тежината која претстои, живееме - историски гледано - во најубавиот период што го имала оваа земја, период во кој и` претстои отворање на преговорите со ЕУ и добивање на членство во НАТО. Уште позначајно, период во кој економскиот стандард во РМ почнува постепено да се подобрува и очекуваме и понатаму да остваруваме одлични економски резултати. За да го оствариме тоа, секако потребни ни се пријатели и партнери во светот и нив ги имаме како во ММФ, Светската банка, така и во сите земји кои ја поддржаа оваа кандидатура.

Назначувањето е признание за важноста што Европа и` ја дава на Македонија, за реформите и улогата на земјата во регионот, но ги потврдува и одличните односи на Македонија со меѓународните финански организации, сметаат постојаните претставници на ММФ и на Светска банка во Македонија, Берт ван Селм и Маркус Репник.

Македонија може да смета на целосна поддршка од меѓународните финансиски институции во спроведувањето на реформите, но и тие очекуваат помош од неа вели претставникот на ММФ, Берт ван Селм:

- Може да сметате на ММФ и на Светската банка кои ќе продолжат да обезбедуваат целосна поддршка на економските и социјалните реформи во Македонија, а ние исто така сметаме на вашата помош, помагајќи ни да се прилагодиме на нашите нови улоги во светот кој брзо се менува.

Едногодината функција на Ставревски во текот на следната година, како што вели самиот, ќе значи чести контакти со првите луѓе на ММФ и на Светската банка, со 5.000 инвеститори, банкари и бизнисмени, пред кои ќе бидат промовирани интересите на Македонија, ќе се лобира за успешна евроатлантска интеграција и Македонија ќе излезе на површина за да биде видена во едно поубаво светло, вели Ставревски.

XS
SM
MD
LG