Линкови за пристапност

Емоционална терапија за тешко болните


Американскиот институт за медицина објави студија во која повикува на униформирани стандарди за емоционална терапија на болни од рак. Целта е на овие луѓе да им се помогне полесно да ја поднесат болката - не само онаа од операција или хемотерапија, туку и анксиозноста и депресијата поврзани со третманот.

Бет Либсон-Хокингс ја има победено болеста:


- Ќе беше навистина убаво доколку некој можеше да ми помогне да размислам за тоа што значи да се биде болен од и како тоа може да влијае на остатокот од животот.

Во студијата се наведува дека иако многу се прави во лекарските третмани против ракот, сепак остануваат занемарени емоционалните лузни од тешката болест. Особено се чувствува недостатокот на психолошки третман во 20 од најдобрите болници во земјата. Само осум имаат рутинско психолошко испитување, и тоа се нуди само на одредени пациенти, не на сите.

Во Вест клиниката во Мемфис, сојузната држава Тенеси, пациентите пополнуваат прашалник за нивната емоционална состојба пред редовниот систематски преглед. Студијата на Институтот за медицина налага ваквата пракса да биде застапена при секој чекор - од поставување на дијагнозата за рак, па во секој натамошен лекарски преглед.

Карен Судет, која имала рак на дојка, вели дека емоционаланата терапија би и` помогнала да се справи со долгите денови на хемотерапија:


-Тоа го поднесов многу, многу тешко. Никогаш нема да го заборавам утрото кога знаев дека ќе мора да ми отпадне косата.

Американскиот центар за клиничка онкологија, сочинет од специјалисти за третман против ракот, најави нови курсеви за обука на своите членови за тоа како да имаат повеќе слух за емоционалните потреби на тешко болните пациенти.

XS
SM
MD
LG