Организаторите на Летните олипмписки игри, што наредната година ќе се одржат во Пекинг привремено ја прекинаа продажбата на билети бидејќи поради огромна побарувачка се урна комјутерскиот систем.
Текст: Директорот на Олимпискиот центар за продажба на билети Рунг Џун се извини за прекинот. Тој кажа дека Центарот погрешно ја проценил побарувачката од јавноста.
Втората фаза на продажба беше наменета исклучително за жителите на Кина, и тоа без претходни резервации. Во јуни, за време на првата фаза од продажбата, преку лотарија беа продадени 1,6 милиони билети.
Олимпискиот комитет соопшти дека кога во средата преку интеренет биле пуштени во продажба, само за еден еден час биле побарани преку осум милиони билети. На специјалниот телефонски број за билети биле регистрирани преку 3,8 милиони повици.
Олимпискиот комитет вели дека биле продадени само 9.000 од 1,8 милиони билети пуштени во продажба пред да откаже комјутерскиот систем и тоа главно преку веб-страницата и филијали на Банката на Кина. Биле забележани редици пред банките уште од понеделникот.
Кина планира за настанот да продаде вкупно седум милиони билети. Организациониот комитет најави дека на 5 ноември ќе соопшти кога ќе продолжи продажбата.