Линкови за пристапност

Фармацевските компании влијаат врз лекарите


Во извештајот на „Consumer International“ насловен „Лекови, лекари и вечери“ стои дека водечки фармацевтски компании ги засипуваат со подароци лекарите во земјите во развој, со цел да ја промовираат продажбата на своите лекови.


Подароците може да бидат мали предмети, како пенкала и бележници, но и големи нешта, како скапи патувања во странство, телевизори, школарини и накит. Лекарите наводно се наградуваат кога ќе препишат одреден број рецепти од скапите лекови на компанијата со уплата за нов автомобил.

Лук Апчурч од „Consumer International“ вели дека извештајот е заснован на истражувања во девет држави во развој. Тој наведува дека компаниите употребуваат методи тестирани со години во западните држави, во обид да влијаат на лекарите да преишуваат нивни лекови. Апчурч додава дека тоа може да доведе до нерационална употреба на лекови, односно дека 50 проценти од лековите се погрешно препишани или погрешно продавани на пациентите.

Апчурч вели дека лекарите ги поткрепиле наодите на извештајот:

- Интересно, лекарите признаваат дека фармацевтските компании вршат влијание на нив и дека колку повеќе пари се трошат на подароци во обид да се земе предвид препишување на одредени лекови, толку повеќе тие лекови се препишуваат.

Апчурч смета дека потрошувачите во земјите во развој немаат доволно информации да се посомневаат во одлуката на лекарот кој лек ќе го препише. Така, компаниите за лекови ја спроведуваат праксата непречено.

Во извештајот стои дека саморегулирањето на мултинационалните фармацевтски гиганти не дало резултати. Меѓународна забана за компаниите да даваат подароци на лекарите - вели Апчурч - е единственото решение.

XS
SM
MD
LG