Линкови за пристапност

Потпишани спогодби за користење на ИПА фондовите


Финансиска поддршка за спроведување на реформите и правна рамка како да се користат парите од ЕУ. Ова е основата на двата денеска потпишани документи, со што Македонија е прва земја во регионот на која и се отвора патот до претпристапните фондови на ЕУ.

Трошењето на европските пари ќе биде под силен мониторинг од Брисел. Вицепремиерката Габриела Коневска Трајковска вели дека средствата треба да бидат искористени правилно и транспарентно, а ова е тест за македонската администрација:

-Ова претставува тест за јавната администрација, односно за сите службеници во РМакедонија коишто треба да бидат иницијативни, треба да работат соодветно на стандардите што ги пропишува ЕК.

Помош во транзицијата, прекугранична соработка, регионален развој, човечки ресурси и рурален развој, се петте компоненти до кои Македонија ќе има пристап преку овие ИПА фондови. До 2010 година на Македонија на располагање ќе и бидат над 300 милиони евра и тоа:

- 58,5 милиони евра во 2007 година, 70,2 милиони евра во 2008, 81 милион евра во 2009 година и 92,3 милиони евра 2010 година, вели европретставникот во Македонија Ерван Фуере.

XS
SM
MD
LG