Линкови за пристапност

Бомбашки напад во Пакистан


Пакистански претставници велат дека бомбаш самоубиец усмртил седум лица во близина на седиштето на претседателот Первез Мушараф во градот Равалпинди.

Шефот на градската полиција Сауд Азис изјави дека експлозијата се случила на полициски контролен пункт, во непосредна близина на канцеларијата на генералот Мушараф.

Властите велат дека пакистанскиот претседател не бил повреден во инцидентот и дека се уште не е познато која бил целта на напаѓачот.

Досега генералот Мушараф има преживеано најмалку три обида за атентат. Пакистан годинава го потресуваат низа бомбашки напади чија цел се воени и политички претставници.

Интензивираното насилство се поврзува со овогодинешниот владин напад врз радикаланата Црвена џамија во Исламабад. Портпарол на Министерството за внатрешни работи ја отфрла оваа логика и за текот на настаните ги обвинува, како што ги нарекува, екстремистичките елементи во Пакистан.

XS
SM
MD
LG