Линкови за пристапност

Иран – нуклеарни преговори


Виш претставник на ОН за атомска енергија одржува нова серија разговори во Техеран за контроверзната иранска нуклеарна програма.

Заменик-директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Оли Хеинонен денес во иранскиот главен град се сретна со иранскиот претставник за национална безбедност Џавад Ваиди.

Серијата тридневни средби ќе биде посветена на центрифугите П-1 и П-2 што се користат за нуклеарниот процес на збогатување ураниум. Иран користи центрифуги П-1, но врши истражувања и за многу понапредните центрифуги П-2.

Средбите се дел од договорот меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија - Техеран да одговори на прашања врзани со нуклеарната програма.

САД го обвинуваат Иран дека се обидува да дојде до нуклеарно оружје. Иран возвраќа дека нуклеарната програма е за мирољубиви цели.

Советот за безбедност на ОН има воведено два пакета санкции против Иран поради тоа што одбива да го запре процесот на збогатување ураниум.

XS
SM
MD
LG