Линкови за пристапност

Аргентина – бившата прва дама стана нова претседателка


Кристина Фернадез де Киршнер стана првата жена избрана за претседател на Аргентина. Првичните резултати од гласањето во неделата покажаа дека таа добила речиси двојно повеќе гласови од нејзините најблиски ривали.

Со преку 94 проценти од гласовите веќе пребројани, Фернандез, која е сопруга на порнешниот аргентински претседател Нестор Киршнер, ги освои симпатиите на речиси 45 проценти од гласачите во претседателската трка во која учествуваа 13 кандидати. Нејзините најсериозни предизвикувачи, поранешниот министер за економија Роберто Лавања и поранешниот законодавец Елиса Карио, веќе го признаа поразот.

Во говорот во Буенос Аирес во неделата, Фернандез рече дека таа и нејзините симпатизери имаат голема одговорност и должност спрема Аргентина. Таа ја повика јавноста да помогне во изградбата на ново општество и нов имиџ за државата. Фернадез се заложи дека ќе ги продолжи политиките на нејзиниот сопруг, кои ја заживеаја аргентинската економија по колапсот во 2001-ва.

Аналитичарите велат дека новиот претседател ќе се соочи со жестоки предизвици, вклучувајќи ја и борбата против високата инфлација и недостатокот од електрична енергија.

XS
SM
MD
LG