Министерството за национална безбедност на Азербејџан тврди дека спречило група исламски милитанти да изврши напад врз владини објекти и дипломатски мисии во Баку.
Портпарол на министерството соопшти дека едно осомничено лице било убиено а неколкумина приведени за време на саботната рација во близина на главниот град. Но, тој не даде детали за каква група се работи.
Поради безбедносната закана, британската амабасада во Баку денес не работеше, додека американската амбасада ги ограничи своите операции. Во моментов не е познато колку долго ќе важи ограничениот режим.