Линкови за пристапност

Турските сили опколија курдски бунтовници близу границата со Ирак


Турските државни медиуми известија дека владините трупи опколиле 100-тина курдски бунтовници во планински регион во близина на границата со Ирак.

Официјалната државна агенција Анатолија јави дека турските сили ги фатиле бунтовниците во стапица во југоисточната провинција Хакари со тоа што ги блокирале нивните маршрути за бегство кон базите во северен Ирак.

Турскиот министер за надворешни работи има изјавено дека во борбата против курдските бунтовници и терористи стационирани во северен Ирак остануваат на располагање сите опции.

Во друг развој на настаните, официјални лица соопштија дека турски војник загинал од мина што ја поставиле бунтовници во источната провинција Тунчели. Според турската армија, нејзините сили убиле 15 бунтовници од Курдската работничка партија за време на вчерашните борби во Тунчели.

XS
SM
MD
LG