Линкови за пристапност

Ирак – десетици загинати во бомбашки напад


Напаѓачот го активирал експлозивот кога полициски регрути се собирале на обука. Во нападот биле повредени 20 лица.

Бакуба е главен град ирачката провинција Дијала, каде племенските водачи и милитанти од редовите на Арапите – сунити во последниве неколку месеци се приклучија на американските и ирачките сили во борбата против Ал-Каида. Десет племенски лидери од Дијала вчера беа грабнати по средбата со владин претставник во Багдад.

Од другите настани во Ирак, американската армија ги предаде безбедносните обврски на ирачките власти во претежно шиитската провинција Карбала. Тоа е осма од вкупно 18-те ирачки провинции каде сега за безбедноста се грижат икслучиво Ирачаните.

XS
SM
MD
LG