Линкови за пристапност

Продолжи работата на Анкетната комисија за инцидентите


- Не му се заканував на Азис Положани, туку го канев на кафе, а Рефет Елмази не го удрив, туку таков впечаток се доби, бидејќи една од пратеничките на ДУИ го држеше за рамо. Вака денеска сведочеше Мендух Тачи пред парламентарната Анкетна комисија која ги истражува инцидентите во Собранието од 25-ти септември. Со тоа, по двонеделна блокада, ДПА се врати во комисијата и ја откочи нејзината работа.

Со Теута Арифи немав физички, туку вербален конфликт - сведочеше Тачи, бидејќи, како што рече, и` рекол да изчезне оттука, да ја нема:

- Тука треба да ги донесета мажите, а не жените, тие мажи кои им пцујат 500 мајки на ДПА и оние кои сакаа физички да го малтретираат Вејсели.

Тој додаде дека на претседателот на Парламенот му сугерирал да ја прекине координацијата бидејќи проблемот е сериозен и може да се реши само на лидерска средба.

Тачи тврди дека пратеникот на ДУИ Положани измислил и изглумил дека бил удрен со нога од заменик-министерот за внатрешни работи Елмази и не сакаше да ги коментира верзиите на настанот од други сведоци, меѓу кои и од собраниското обезбедување, кое, според него, било во „тотален аут“.

-Кога се отвори вратата и беше налетот на ДУИ, јас лично ги видов меѓу пратениците двајцата познати професионални убијци кои беа влезени во фоајето и дојдени до нас.

Лидерот на ДПА е подготвен да му се извини на Јани Макрадули за навредите кои му ги изрекол откако го видел во дуел со Ружди Матоши. Макрадули. пак, кој денеска повторно сведочеше, рече дека писмено ќе достави дел од кажаното од страна на Тачи, бидејќи било под секое ниво. Единствено говореше за она што го видел во врска со дуелот со пратеничката Арифи:

- Пред салата беа пратеници од ДПА и некои други кои не беа од обезбедувањето, некои лица што не ги знам. По тропањето на вратата се завртев и видов дека г-ѓата Теута е повлечена за рака, при што сакото што го имаше и беше симнато од рамото. Во тој момент обезбедувањето влезе за да ги раздвои, а претседателот Георгиевски велеше да се запре сето тоа.

XS
SM
MD
LG