Властите во Калифорнија велат дека откриле четири безживотни тела во близина на американско-мексиканската граница каде беше лоциран еден од шумските пожари што ја зафатија оваа сојузна држава.
На телата на жртвите биле видливи изгореници, а властите велат дека тие биле илегални имигранти кои им подлегнале на повредите обидувајќи се да ја преминат границата.
Во меѓувреме, во дом во Сан Диего биле пронајдени уште две тела, а најмалку пет други лица загинале загинале за време на евакуацијата.
Од пожарите во јужна Калифорнија беа уништени речиси 2.000 домови во седум општини и преку 161-на илјада хектари шумска површина.
Претседателот Буш вчера го посети регионот заедно со гувернерот на Калифорнја, Арнолд Шварценегер и вети федерална помош за настраданите.