Линкови за пристапност

Колку е цената на војните во Ирак и Авганистан??


Републиканците и Демократите често се на спротивни страни кога станува збор за ирачката војна. Но за двете партии е тешко да се противат за пари, бидејќи парите спасуваат животи.

"Ова е фискално неодржлив тренд и нешто мора да се промени", кажа директорот на Комисијата за буџет во претставничкиот дом на Конгресот, Питер Орцаг, посочувајќи дека војната не е финансирана со скратување на средства од други области во федералниот буџет или со кревање на даноците. Парите се позајмени. Демократскиот конгресмен Хавиер Бесера вели:

"Секој цент од оваа војна, што до сега чини половина трилион долати, е платен на владина кредитна картичка."

Во моментов нема збор за планови да се зголемат даноците или да се обезбедат пари на друг начин. Па, колку тогаш чини војната?

- 10 милијарди долари месечно, за следната деценија да добие цифра меѓу 1,7 и 2,4 трилиони долари, зависно колку војници ќе останат во Ирак.


Тука не се вклучени трошоците за лекување на повредените – за кои официјален податок е 60 илјади, што додава 200 до 300 милијарди долари.


XS
SM
MD
LG