Полицијата засега не соопштува дали има информации кој стои зад вооружениот напад врз полициската патрола и дали е познат идентитетот на напаѓачите.
Двајцата повредени полицајци се` уште се во Клиничкиот центар. Според лекарите, Трајче Ристевски и понатаму е во животна опасност и во Клиниката за реанимација се борат да ја стабилизраат неговата состојба. Повредите што го загрозуваат животот на Ристевски се од превртувањето на џипот отако врз него бил отворен оган. Вториот повреден Џемаил Исеини има прострелна рана во ногата. Во текот на ноќта му била извршена операција на потколеницата, по што, како што тврдат лекарите, тој е во стабилна состојба.
Иннцидентот се случи вчера околу 12 часот и 50 минути, кај месноста Кодра Фура, во близина на селото Танушевци, кога засега непознати лица отвориле оган врз џипот со кој тројцата полицајци биле во редовна патрола. По нападот, џипот излетал од патот и се превртел.