Линкови за пристапност

Бугарија со Македонија ќе ги сподели искуствата од ЕУ-интеграцијата


Редовни средби на секои шест месеци, а од следната година и тематски состаноци за пренесување на бугарските евроинтегративни искуства - ова денеска во Скопје го договорија бугарската министерка за европски прашања Гергана Грнчарова и македонската вицепремиерка Габриела Коневска-Трајковска.

Во интерес ви е интензивно спроведување на реформите, бидејќи времето е важен фактор, вели министрката Грнчарова.

- Ќе бидам многу искрена со вас, и ќе истакнам дека преговорите воопшто не се лесна работа. ЕУ е со големо искуство и многу солиден играч на прговарачката маса.

Грнчарова советува дека еден од главните елементи за успешно продолжување на евронтеграциите на Македонија е политичкиот дијалог на релација власт – опозиција.

- Нема значење дали си на власт или во опозиција. Битно е дека пред тебе стои главната цел. И ако нешто нам многу ни помогна, уште во средината на 90-тите години, тоа беше општествено-политичкиот консензус за крајната цел.

Македонија очекува Бугарија да и` стане партнер за соработка на европските прашања. Според вицепремиерката Коневска-Трајковска Бугарија посебно ќе биде корисна од следната година, исклучително важна за преговорите.

- Прашања кои се однесуваат на користењето на претпристапните фондови, во однос на водењето на преговорите и скинингот, прашањето на прекуграничната соработка, и, се разбира, комуникациската соработка со медиумите во контекс на водење на преговорите.

XS
SM
MD
LG