Линкови за пристапност

Половина милион евакуирани поради шумските пожари во Калифорнија


Според медиумските извештаи, има најмалку пет жртви, а 40-тина се повредени во огнената стихија што веќе четврти ден беснее во оваа американска сојузна држава.

Пламените јазици веќе проголтаа преку 1.500 домови и изгореа над 165.000 хектари земјиште од Лос Анѓелес на север, до Сан Диего на југ, близу границата со Мексико.

Гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер вели дека во опасност се најмалку дополнителни 68.000 домови. Над шест илјади пожарникари без прекин се борат со пожарите. Метеоролозите велат дека силните и топли ветришта деновиве со јачина и до 100 километри на час, што помогнаа во ширењето на пожарите, денес конечно би требало да спласнат, исто како и високите температури.

Претседателот Буш одобри федерална помош и во четврток ќе го посети погоденото подрачје. Кризната ситуација веќе предизвика споредби со големите шумски пожари во Калифорнија во 2003-та и ураганот Катрина во 2005-та.

XS
SM
MD
LG