Линкови за пристапност

Груевски: право, должност и обврска е да го задржиме уставното име


Премиерот Никола Груевски најавува дека Македонија нема намера да отстапи од уставното име.

Без разлика на интензитетот на грчкиот проблем со името, Македонија ќе се бори за единственото име прифатливо за македонскиот народ, изјави македонскиот премиер по информациите пласирани во медиумите дека на продолжението од преговорите со Грција закажани на 1 ноември во Њујорк, посредникот Метју Нимиц ќе даде нов предлог, „Република Нова Македонија“.

- Наше право, должност и обврска како Влада и мене како премиер е да се бориме за задржување на нашето уставно име - Република Македонија, име кое целиот народ го посакува и тоа е наша задача, наша обврска. Во тој правец ќе се стремат и сите наши напори, независно дали ќе се интензивираат или ќе се забават, или што и да се случи, вели Груевски.

Поддршка за дипломатските напори за одбрана на името вчера пристигна и од лидерот на опозицијата Радмила Шеќеринска. Според СДСМ, земјава во никој случај не смее да подлегне на уцените и притисокот што Грција ќе го прави до самитот на НАТО во април.

XS
SM
MD
LG