Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс најави дека САД може да го оддложи активирањето на предложените противракетни локации во Европа, се`додека земјата не има доказ за ракетна закана од Иран.
Гејтс по средбата со чешкиот премиер Мирек Тополанек во Прага кажа дека ова и` било предложено на Русија, која енергично се противи на американскиот план за ракетни пресретнувачи во Полска и технологија за нивно управување во Чешката Република. Вашингтон сака да инсталира ракетен штит во Европа за своја и заштита на европските сојузници од непринципиелни држави.