Линкови за пристапност

Турција го отфрли понуденото примирје од курдските бунтовници


Турскиот министер за надворешни работи ги одби повиците на курдските бунтовници од северен Ирак за прекин на огнот. По средбите со ирачки владини претставници во Багдад, чија цел беше да ги убеди ирачките претставници да извршат поголем притисок врз бунтовниците, Али Бабакан изјави дека Турција претпочита да се справи со Курдистанската работничка партија (ПКК) преку дипломатија, дијалог и економски мерки. Но, Бабакан ја отфрли понеделничката понуда за примирје, велејќи дека прекин на огнот е можен меѓу држави и регуларни сили, а не со терористички организации.

Иранскиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари по средбата со Бабакан кажа дека го уверил турскиот колега во активната поддршка на Багдад во борбата против, како што рече, напаста од курдски бунтовници. Тој кажа дека Ирак нема да дозволи ПКК да ги затруе нивните односи.

Во Лондон, британскиот премиер Гордон Браун ги осуди акциите на ПКК и вети засилени напори против организацијата. Браун ова го кажа по средбата со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, кој предупреди дека Турција е подготвена да преземе воена акција против бунтовниците „во секое време“.

XS
SM
MD
LG