Линкови за пристапност

Груевски му предлага редовни средби на Црвенковски


Секој прв понеделник во месецот македонскиот државен врв да разговара за прашања за кои според Уставот треба да соработуваат шефот на државата и извршната власт. Ова го предлага премиерот Никола Груевски во писмото што денеска му го упатил на претседателот Бранко Црвенковски.

„Убеден сум дека започнувањето на реализацијата на ваквата практика ќе даде позитивен импулс во функционирањето на политичкиот систем, како и промовирање и заштитата на државните интереси“, се вели во писмото.

Груевски, како што соопштуваат од неговиот Кабинет, смета дека со овие средби на поефикасен начин би се надминувале разликите и би се усогласувале ставовите во однос на стратешките прашања за државата за кои тие споделуваат ингеренции.

Од Кабинетот на Црвенковски засега немаат коментар на предлогот - го чекаат враќањето на претседателот од Париз каде учествува на Генералната конференција на УНЕСКО.

XS
SM
MD
LG