Линкови за пристапност

Осуди за бомбашкиот напад во Пакистан


САД стојат заедно со луѓето од Пакистан, реагираше синоќа Стејт департментот.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Гордон Џондроу кажа дека САД се во жалост поради недолжните жртви и дека екстремистите нема да ги запрат Пакистанците демократски да избираат свои претставници.

Пакистанскиот претседател Первез Мушараф ги осуди нападите во Карачи врз конвојот на Буто како „заговор против демократијата“, повика на смиреност и вети детална истрага. Поранешната пакистанска премиерка синоќа се врати во земјата по повеќегодишен егзил по сопствен избор. Според Буто, оние кои го нападнале нејзиниот конвој не се муслимани, бидејќи муслимани никогаш не би нападнале жена или недолжни луѓе. Засега никој не презеде одговорност за убиствата.

XS
SM
MD
LG