Линкови за пристапност

Време на просперитет за американските фармери


Американските фармери минале времиња на подеми и падови. Според она што сега го гледаме, ова е еден од подобрите периоди, пред се поради зголемувањето на цената на житото и вредноста на земјиштето, што се одразува исклучително добро во области каде се одгледува пченка.

Во државата на средниот запад во САД, Ајова, житните полиња зафаќаат површина колку што ви допира погледот. Џон Томпсон е фармер од околината на Вебстер Сити:

"Овде во Ајова, имаме многу богата почва што тешко се наоѓа во светот. Длабока е и исклучително плодна."

Но богатата почва за Ајова не секогаш значело богатство на оние кои ја обработуваат. Во 1980тите ниските цени на житарките уништиле многу семејни фарми. Курт МекКоски бил еден од тие жртви:


"Се занимавав со земјоделие неколку години, но ме зафати кризата. Затоа сега работам на живинарска фарма – да бидам на некој начин блиску до земјоделието."

Но ситуацијата се подобрила, пред се заради бенефициите на државата за употреба на етанолот како алтернативно гориво.


Побарувачката на етанол двојно ја зголемило цента на пченката и позитивно се одразило на цената на земјиштето. Тоа за многу фармери значело можност за заработка, инвестиции и заштеда. Според фармерот Џон Томпсон сите имаат корист од тоа:


"Сега има технологија со која се зголемува производството. А тоа пак, помага да се прехрани светот."

Американската влада вели дека семејните фарми сочинуваат 98 проценти од сето фармерство во земјата. А ако тие просперираат, младите ќе бидат помотивирани да останат во руралните области.

XS
SM
MD
LG