Линкови за пристапност

Бензир Путо се врати во Пакистан


Поранешниот пакистански премиер Беназир Буто се врати во татковината по осум години живот во егзил. Симнувајќи се од авионот што ја донесе од Дубаи во Карачи таа плачеше додека огромна толпа луѓе се собра да ја поздрави на аеродромот. Во нова политичка разврска се очекува Буто да ја дели власта со претседателот Первез Мушараф.

Но, која е Беназир Буто?

Најголем дел од животот Беназир Буто живееше во странство. Во Пакистан не била од 1999 кога беше принудена на егзил по втор пат. Дописникот на Гласот на Америка Гери Томас за прв пат ја сретнал Буто десет години пред тоа. Тој вели дека нејзиниот живот се променил откако нејзиниот татко и пакистански премиер Зулфиќар Али Буто бил соборен од власт во 1977 и две години подоцна егзекутиран:


"Татко и беше уапсен од армискиот лидер Зиа ул-Хаг, кој ја презеде власта во Пакистан и го обеси татко и. Таа самата мина некое време во затвор, а потоа и во куќен притвор. Тоа го промени нејзиниот став кон воени лидери и ја дефинира идејата за тоа што е демократија."

Буто се врати во Пакистан пред 20 години за да го води продемократското движење и во 1988 стана првата жена премиер на муслиманска држава.

Како премиер нејзини приоритети станаа гладта и здравствената заштита. Но донесе и струја во руралните области и работеше на изградба на училишта низ државата. Но обвиненија за наводна корупција ја следеа во мандатот и во 1990 нејзината влада падна. Три години подоцна повторно беше избрана за премиер. Но три години потоа беше принудена да замине по слични скандали врзани со корупција.


Сегашниот претседател генералот Первез Мушараф ја презеде власта пред околу 10 години во воен пуч против премиерот Наваз Шариф. Тоа повторно ја натера Буто на егзил. Сега таа се врати во Пакистан по постигнување начелен договор со претседателот Мушараф за поделба на власта. Тој и даде амнестија на Буто со што завршува случајот за корупција.

Дали таа ќе ја ужива некогашната јавна поддршка во Пакистан останува да се види.

XS
SM
MD
LG