Линкови за пристапност

Опасна стафилококна инфекција


Според најново истражување, инфекцијата предизвикана од посебен вид на бактеријата стафилокока отпорна на лекови и која може да заврши трагично во рок од неколку дена или часа, најповеќе се шири преку болнички или амбулантни интервенции. Студијата се бави со случаите на инфекцијата позната под кратенката Марса во САД, но докторите велат дека таа е проблем и во земјите во развој каде често погрешно се дијагностицира и е тешко да се третира.

Стафилококните бактерии обично виреат на кожата, но можат и да навлезат во неа и подлабоко, во крвотокот, преку рани или интравенозни инфузии. Поголемиот дел од стафилококните инфекции не се сериозни, но видот Марса, отпорен на лекови, може да заврши фатално.

Американски експерти во соработка со Центарот за контрола и спречување на болести истражувале колку честа е ваквата инфекција во САД. Доктор Монина Кливинс од Центарот вели – многу честа:

- Преку 94.000 инфекции и околу 18.650 смртни слуачи, само во 2005-та.

Стручњаците проценуваат дека во САД на секои 30 минути умира по едно лице од Марса инфекција. Во студијата на Центарот, додава доктор Клевинс, има и друг тревожен податок:

- Поголемиот дел инфекции се поврзани со болнички или амбулатни интервенции.

58 проценти од инфекциите настанале по дијализа, оперативен зафат или медицински третман во кој била употребена игла, 27 проценти за време на болнички престој, а само 14 надвор од болница или амбуланта.

За да се спречи Марса инфекцијата, Центарот за контрола и спречување на болести препорачува болниците стриктно да ги следат процедурите како стерилизацијата на инструменти и редовно миење на рацете. Истражувањето е објавено во Журналот на Американското медицинско здружение.

XS
SM
MD
LG