Линкови за пристапност

И покрај кинескиot протест, Далај Лама одликуван во американскиот Конгрес.


Тибетанскиот верски водач на свеченоста во Капитол Хил прими Конгресен златен медал – најголемото цивилно признание што може да го врачи домот на американската демократија. 72-годишниот будистички свештеник се заблагодари на Американците за непоколебливата поддршка за тибетанскиот народ и кажа дека одликувањето ќе испрати силна порака на оние кои промовираат мир, разбирање и хармонија.

Далај Лама во обраќањето ја повтори желбата на тибетанскиот народ да има суштинска автономија во рамки на Кина. Тој се надева дека одбосите меѓу Тибет и Пекинг ќе ја надминат фазата на недоверба и ќе се базираат токму на доверба и заеднички интереси.

Кина ја оквалификува свеченоста како фарса, и во знак на протест се повлече од меѓународните разговори за иранската нуклеарна програма оваа недела во организација на САД.

Буш и Далај Лама вчера остварија приватна средба во Белата куќа. Портпарол на кинеското министерство за надворешни работи во Пекинг кажа дека таа претставува грубо мешање во кинеските внатрешни работи и побара денешната церемонија да биде откажана.

Во интерјву за Гласот на Америка на мандарински, Далај Лама рече дека тој и претседателот Буш се стари пријатели и дека бил пресреќен поради состанокот во Белата куќа. Тој додаде дела го брифирал претседателот за ситуацијата во Тибет и му се заблагодарил за поддршката.

Конгресот официјално го одобри златниот медал за Далај Лама пред повеќе од една година, наведувајќи ги неговите бројни трајни и исклучителни придонеси кон мирот, човековите права и верската толеранција.

XS
SM
MD
LG