Линкови за пристапност

Профил: Барак Обама


Барак Обама е роден на Хаваите во 1961 година, неговиот татко е Кениец, а мајка му Американка, родум од Канзас. Период од детството тој минал во Индонезија, а потоа студирал на Универзитет Колумбија и право на Харвард. Својата политичка кариера Обама ја започнал уште во Чикаго, а потоа како член на сенатот на Илиноис.Во американскиот Сенат тој е избран во 2004-та година.

Политичкиот експерт од Универзитетот Вирџинија, Лари Сабато вели: "Тој е способен да се поврзе со поединците, како и со масите воопшто. Енергијата што доаѓа од неговиот ентузијазам е огромен плус. Ова навистина е ситуација слична на времето на Џон Кенеди од 60-та. Тоа му дава вистинска шанса за успех."

Но, неговите конкуренти се фокусираат на, како што велат, фактот што сенаторот е релативно млад и неискусен. Хилари Клинтон, за време на една од дебатите на демократските кандидати рече: "Прашањето е кој од нас е подготвен да биде лидер уште од самиот почеток?"

Обама се согласува дека нема минато многу години во вашингтонските политички кругови. " Сепак, овде сум доволно долго, за да знам дека некои работи во Вашингтон мора да бидат сменети."

Како и многумина демократи и Обама се противи на војната во Ирак и ја поддржува идејата за одредување рок за повлекување на американските сили: "Не постои воено решение за Ирак. Никогаш и не постоело. Најдобриот начин да ја заштитиме нашата безбедност и да извршиме притисок врз ирачките лидери да најдат начин да стават крај на нивната граѓанска војна, е итно да ги повлечеме нашите војници. Не за шест месеци, не за една година, туку веднаш!"

Мултикултурното потекло на Барак Обама и неговата способност да се лесно да се поврзе со гласачите, прави тој да биде уникатна личност во историјата на претседателските кампањи. Гласачите во Ајова и Њу Хемшир во јануари 2008, први ќе имаат шанса да се изјаснат дали свежиот пристап на Обама, ќе ја надвладее загриженоста заради недостигот на неговото политичко неискуство.

XS
SM
MD
LG