Претседателот Буш денес треба да се сретне со Далај Лама во Белата Куќа, и покрај предупредувањето од Пекинг дека средбата сериозно ќе ги наруши односите меѓу САД и Кина.
Разговорите сепак не се откажани, а американскиот Конгрес на спиритуалниот лидер на Тибет утре ќе му додели најголемо граѓанско признание – Златен конгресен медал.