Линкови за пристапност

Кондолиза Рајс на блискоисточна турнеја подготвува терен за мировната конференција во ноември


Рајс на заедничка прес-конференција со палестинскиот претседател Махмуд Абас синоќа најави дека САД работат на оддржување на сегашниот импулс во правец на постигнување заеднички документ што ќе биде презентиран на мировната конференција за Блискиот исток под американско спонзорство што ќе се одржи во ноември во Анаполис, сојузната држава Мериленд:

- Тоа ќе биде сериозна и суштинска конференција што ќе го направи исчекор во правец на создавање независна палестинска држава.

Рајс изјави дека претседателот Буш е „апсолутно сериозен“ во однос на придвижувањето на израелско-палестинското прашање и дека ставањето крај на конфликтот е еден од главните приоритети на неговата администрација.

Американскиот државен секретар вчера ги наведе прашањата на дневниот ред на конференцијата:

- Треба да стане збор за бројни прашања – клучни прашања што мора да се решат како предуслов за основање на палестинска држава. Меѓу нив и обидот да се подобри животот на Палестинците економски, во однос на слободата на движење и пристапот. Знаеме дека за такво нешто е потребна поддршка од државите во регионот, како и поддршка од меѓународната заедница.

Палестинците и Израелците не се согласуваат околу содржината на документот. Владата на Абас сака тој да зададе временска рамка за решавање на клучни прашања како статусот на Ерусалим, палестинските бегалци и конечните граници. Израел, пак, претпочита општа декларација на принципи.

XS
SM
MD
LG