Линкови за пристапност

Ќе се изгради ли балканскиот нафтовод?


Босфор, што минува низ Истанбул, ја дели Европа од Азија. Низ него минуваат нафтените танкери што пловат меѓу Црното Море и Медитеранот. Последниве 10 години енергетскиот аналитичар Ед Чо вели дека слуша за изградба на нафтовод за да се избегне тоа:

-Се разбира дека е многу поевтино да се пренесува нафта низ Босфор и така ќе остане, вели тој.

Чо вели дека таков нафтовод може да биде изграден само кога западните компании ќе влезат во проектот. Но во грчкото пристаниште Александрополис економските бенефиции ветени од планираниот нафтовод од Бугарија со нетрпение се очекуваат. Градоначалникот Џорџ Александрис е убеден дека тоа е многу добар проект за градот, државата и регионот.

Албанскиот премиер смета на изградбата на вториот балкански нафтовод, од Бугарија до Албанија. Длабоките води на албанското пристаниште Влора може да издржи поголеми танкери и е поблиску до западните пазари. Тој потенцира дека патот до Италија би бил покус за 200 км.

Господинот Бериша се надева на меѓународна помош и се обидува да убеди казахстански и други нафтени извезувачи во Каспискиот басен.


Ако некој победи во трката за изградба на балкански нафтовод, тоа ќе биде оној што ќе ја добие поддршката на поголемите нафтени компании.

XS
SM
MD
LG