Линкови за пристапност

Ди Карло: Македонија да ги заврши реформите за влез во НАТО


САД го поддржуваат интегрирањето на Македонија во НАТО во 2008-ма година, но таа поддршка ја условуваат со напредок во реформите што Македонија треба да ги направи за да ги исполни стадардите за членство во Алијансата. Оваа порака вчера во Скопје на државниот врв му ја пренесе заменик помошник-државниот секретар за Европа и Евроазија Розмари ди Карло:

- Постигнат е голем напредок во реформите, но за да добие покана за членство во НАТО, Македонија треба да покаже поголеми резултати во политичкиот дијалог и напредок во импелементација на договорот од 29 мај, како и во формирањето на Судскиот совет и реформите во судството, изјави Ди Карло по средбата со премиерот Никола Груевски.

Според Ди Карло, направен е многу голем напредок во последната година во борбата против трговијата со луѓе, организираниот криминал и корупција, трговијата со луѓе, како и во однос на законот за верски заедници и во областа на економијата:

- Статистиките и рангирањата на Светска банка и на Транспаренси интернешенал се импресивни и би сакала Македонија да продлжи со напредокот во овие области. Но, останува уште работа што треба да се заврши за да се добие покана за членство во НАТО, порача заменик помошник-државниот секретар.

Премирот Груевски рече дека владата останува на заложбата да ги исполни докрај критериумите за членство:

- Се надеваме дека прогресот во изминатата година и прогресот што понатака ќе го правиме ќе бидат доволни во април следната година да ја добиеме покана за членство во НАТО.

XS
SM
MD
LG