Линкови за пристапност

Доделена Нобеловата награда за медицина


Нобеловата награда за медицина за 2007 ја добија тројца научници за нивните откритија во истражувањето за манипулирање на гени кај глувци.


Марио Капечи и Оливер Смитис се двајцата Американци кои се добитници на наградата заедно со Мартин Еванс од Британија.

Почесната награда дојде како резултат на нивната работа на развивање техника што на научниците ќе им помогне да научат повеќе за тоа како модифицирани гени влијаат на здравјето и болестите.

Денеска објавената нобелова награда е прва од шесте што треба да бидат соопштени наредниве неколку дена.

Наградата за физика ќе биде објавена утре, по што ќе уследат Нобеловите награди за хемија, литература и економија, како и престижната Нобелова награда за мир што ќе биде објавена в петок.

XS
SM
MD
LG