Линкови за пристапност

Розмари ди Карло:  Сакаме Македонија да стане дел од НАТО, но ќе мора да ги спроведе реформите


Републичкиот судски совет, Рамковниот договор, реформите, членството во НАТО и Косово се теми на посетата на американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија Роземари ди Карло на Македонија од 9-ти до 10 октомври, во рамки на турнејата по регионот, според соопштението од Американската амбасада во Скопје.

Колку е извесна поканата за НАТО-членство за Македонија на наредниот самит, со оглед на напнатоста во политичките односи во земјата, илустрирани со неодамнешниот инцидент во Собранието? Ди Карло воочи нејзината балканска турнеја за Гласот на Америка на македонски повика на поголема кохезија меѓу власта и опозицијата за прашања од национален интерес и подвлекува дека членството зависи од остварениот учинок.

- Македонија мошне напорно работи на реформите потребни за члентво во НАТО и ЕУ. Остварија голем напредок во многу области, но има уште многу во кои треба доста да се сработи, особено во судските реформи, владеењето на правото, борбата против корупцијата. Задоволни сме што напредуваат во други области. Политичкиот дијалог останува важно прашање. Mошне е битно да постои некаков вид на национален политички консензус за патот напред. Навистина се надеваме дека во блиска иднина ќе видиме поголема кохезија мегу партиите во владата и опозицијата. Очигледно, сакаме Македонија да стане дел од НАТО, исто како и Албанија и Хрватска. Но, тоа се базира на остварениот учинок и ќе мора да бидат спроведени реформите до април, со цел да биде упатена поканата за членство.

За американската влада, македонското членство во НАТО и статусот на Косово не се поврзани прашања. Ди Карло вели:

- Посекако разбираме дека недостигот на јасност во врска со статусот на Косово и решавањето на ова прашање влијае на целиот регион, создава аура на неизвесност и напнатост. Но, ние ќе гледаме на Македонија врз основа на она што Македонија самата го прави внатрешно.

XS
SM
MD
LG