Амбасадорот на Република Грција во Вашингтон на прашање од Гласот на Америка на македонски за решавање на спорот во врска со името на вчерашна конференција во Конгресот насловена „Стабилноста на Балканост: патот напред“ кажа дека мора да се најде заеднички прифатливо решение врз основа на Привремената спогодба и резолуциите на ОН.
- „Тоа е меѓународната правна рамка. Ова не прашање меѓу Скопје и Атина. Ова е меѓународно прашање, регионално, европско, што има важни политички импликации. Значи, што поскоро, тоа подобро“, рече Маљас.
Според грчкиот амбасадор, единствен начин тоа да се постигне е да се одбегне, „непријателската пропаганда и со целосно придржување до концептот на добрососедски односи“.